Style: House, Techno

Resident DJ:
club Element

Played in
:
Skopje, Belgrade, Sofia, Novi Sad...

Played with
:
Mister C, Dimitry, Anjelo, Nathan Coles...

 

Диџеј Никола
Експериментирам со изборот на музиката

На македонската клупска сцена Диџеј Никола & е познат по настапите со Мистер Си, Нејтан Колс, Метју Бушвака, Димитри, Анџело, Краст, но и по соло забавите, кои последниве две сезони ги реализира во скопскиот клуб Елемент. Досега се претставил пред публиката во Белград, Ниш, Суботица, Нови Сад (на Ексит фестивал, 2001), Софија и низ цела Македонија, а наскоро Никола можеби ќе свири во Амстердам и Солун. Диџејството го заинтригирало за време на неговиот неколкугодишен престој во Амстердам, но пред четири години реши да се врати во Скопје

 * Од Амстердам се врати со 3.000 плочи и ја збогати клупската сцена со звуците на хаус и техно. Што те натера да останеш тука?

- И Скопје има свои убави страни. Мислам дека компарација помеѓу овие два града не може да се прави, бидејќи секој е приказна за себе. Во Македонија има голем простор за работа и креација. Ако работиш она што сакаш, има многу начини да се исполниш себеси.

* Твојот префинет вкус во изборот на музиката кога свириш и во изборот на странските диџеи, кои гостуваат кај нас е видлив. Каде го "научи" тоа - во Скопје или во Амстердам?

- Од секаде по малку.

* Што најмногу ти недостига од највиталниот град во светот?

- Амстердам е крстосница на сите актуелни збиднувања на секое поле, особено на музика. Понекогаш ми недостига таа брзина на случувањата.

* Знам дека си скромен, но обиди се да ми одговориш - мислиш ли дека ги мотивира македонските диџеи да работат "посериозно" и да организираат гостувања на врвни имиња? Ти тоа прв го направи со диџеј Димитри во 1998 година.

- Да. Со моите диџејски настапи и со носењето репрезентативни диџеи - музичари однадвор, сум мотивирал некои луѓе да се инволвираат или поенергично да се фокусираат на електронската музика, без разлика дали станува збор за диџејсво или за организација на забави. Тоа воедно служи и како мој стимул за работа.

* Многумина што доаѓаат на твоите забави велат дека настапите ти се вистинско патување или убава приказна. Тоа е така зашто знаеш што сака публиката или едноставно не мислиш на тоа кога свириш?

- Ако на публиката & понудиш нешто што веќе го знае и го повторуваш истото цело време, мислам дека ќе бидеш здодевен. Се обидувам со изборот на плочи во мојот куфер, секогаш да направам нешто ново. Било да се тоа некои убави постари плочи што секогаш зрачат со свежа енергија и на кои секогаш можеш да им ставиш различен акцент во сетот или пак, нови плочи, нова cutting edge музика, која ги има оние неоткриени моменти што го прават сетот повозбудлив. Мислам дека секогаш треба во доволна рамка да експериментираш со изборот на музиката и со начинот на миксање, а не постојано да одиш на она што е сигурно и проверено.

* Слушнав дека диџеј Димитри те пофалил по неговото гостување во Елемент. Како се чувствуваш кога ќе добиеш комплимент од некој твој идол?

- Поласкано. Убаво е чувството кога тоа ќе ти го каже човек со таква репутација. Сепак, се обидувам да си го приземјам егото и да го сфатам тоа како потврда за мојот труд.

* Вечерва во МКЦ твој гостин е Нејтан Колс од Лондон. Ајде кажи дали сигурно ќе дојде за да знаеме дали ќе се журкаме?

- Да, Нејтан доаѓа сигурно и вечерва ќе имаме можност да го слушнеме човекот, кој пред две години остави силен впечаток кај нашата публика. Тој на 17 септември 1999 настапи во Скопје и таа ноќ помина незаборавно, што всусност е и причина за неговото повторно гостување. Тој е лидер на едно ново движење што во последниве неколку години ја збогати хаус и техно музиката, и е диџеј и продуцент со богатото издавачко портфолио и полн диџејски календар. Со него ќе настапиме и јас и СС од Сфера, кој веќе & е добро познат на домашната публиката. Сето останато ќе го видиме вечерва по 22.30 часот во МКЦ.


by Svetlana Simonovska - Dnevnik