Новогодишен Спектакл 2006

 

 

Промортерската организација Balance по четврти пат ќе организира Нова година на Скопски саем.

 

Оваа Нова година како главна атракција  предвиден е настапот на, кај нас добро познатиот, Dj- Derrick May koj при секое негово доаѓање не ја остава публиката рамнодушна со неговата музика и позитивната енергија .

 

Од неговото прво доаѓање до сега се поставиja нови квалитети и стандарди во организирањето на настани од овој тип. Одличната музичка програма и високо квалитетното озвучување,осветлување и визуелни ефекти ќе ја направат Новата година посебна.

 

 На самата забава покрај Derrick May ќе настапат и макденонските Dj, Самоил Радински и Марио Л. Маневски, двајцата членови на  промотерската организација Balance.

 

Derrick May, еден од основачите на Техно музиката, веќе доби статус на музичка легенда. Ословуван како “Miles Davis на Техно музиката”, со својот иновантен стил,стана ценет продуцент/музичар/ремиксер и творец на бројни хитови со златни тиражи од над 1 милион продадени примероци, како што се хитовите ”Nude Photo” и “Strings of Life”. Во улогата на ремиксер, ги прошири своите музички хоризонти, работејки со некои од најкреативните артисти во светот, како на пример: ABC, Depeche Mode, Fine young Cannibals и System 7 и, секако, соработувајќи со Техно легендите: Juan Atkins и Kevin Saunderson.

 

Derrick May се издвојува како еден од најдобрите и најбараните Dj-и во светот, свирејки на огромни настапи, пред илјадници луѓе во сите поголеми градови во светот: Токио, Мелбурн, Амстердам, Лондон, Парис, Берлин … додека бројните појавувања на радиото и телевизиските канали (како на пример MTV) се незаборавни.

 

Derrick May сеуште дејствува на полето каде што е супериорен, а тоа е менувањето на ликот на новата музика.