ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ
ТАКСИРАТ 007 – Звукот на градот
Веројатно приметивте дека не немаше подолго време !!! Но тоа не значи дека бевме на одмор, напротив, напорно работевме за да ви подготвиме уште едно квалитетно продолжение на вашиот омилен музичко-филмски серијал - фестивалот ТАКСИРАТ . Овогодишното издание е James Bond-овско, 007. Многу симболика има во сето ова. ТАКСИРАТ е наш и ваш филм кој трае и ќе трае со години. Двете главни улоги, Ние и Вие, се постојано исти, само останатите улоги се менуваат. Тие впрочем само доаѓаат и си заминуваат, секој одигрувајќи си ја најдобро што може, својата роља. Кастингот за овој филм, повторно, е изработен во продуцентското студио на Lithium Records. Името на работната верзија на филмот е: САМО ЗА ТВОИТЕ УШИ !!! Доколку внимателно ја следите нашата официјална страница: www.lithiumrecords.com.mk ќе забележите дека секојдневно објавуваме по некое ново лице од кастингот за седмото продолжение на бондовскиот серијал: ТАКСИРАТ 007.
Денес, со гордост објавуваме, комплетниот кастинг е завршен. Готов е и пропагандниот материјал на филмот и веќе за:
1-ви декември 2005-та (четврток) официјално Ви најавуваме Прес конференција, односно премиерно запознавање со техничките детали на филмот како и подетално запознавање со главните улоги во истиот. Прес конференцијата ќе се случи во 10:00 часот (точно на пладне) во клубот ESCAPE (Нова железничка станица).
Почетокот на кампањата (1-ви Декември - Светски ден за борба против AIDS) симболично коинцидира со главната тема на филмот, борбата на доброто против злото односно James Bond во борба против група на луди научници кои сакаат да предизвикаат масовна зараза со ХИВ вирусот...но да не откриваме премногу детали.
Премиерата на филмот е закажана за 17. Декември 2005-та година на Скопскиот Саем, а претпремиерните изведби ќе се случуваат во просториите на Младинскиот Културен Центар, во периодот од 10.10 до 15.10. 2005-та година. Влезниците за светската премиера на седмото продолжение на ТАКСИРАТ ќе бидат пуштени во продажба исто така на 1-ви Декември 2005-та, со акцијата
O, Happy Day...впрочем премиерите ги правиме за да сите можат да дојдат, нели? Билетите ќе бидат строго ограничени на 5000 посетители!!!!!
И, колку за ваше потсетување, и понатаму секојдневно следете ја нашата официјална страница и бидете во тек со најновите режисерски одлуки на Lithium Records, а во врска со ТАКСИРАТ 007.
Апликациите за добивање на акредитации, како и обично можете да ги најдете на основната страна на www.lithiumrecords.com.mk
...Е, ПА, НЕКА БИДЕ ТАКСИРАТ СО МЕРАК!!!