Coca-Cola SoundWave Beach Festival
Press Release
Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување, Coca-Cola и овозможува на македонската публика да го доживее музичкиот бран и да биде дел од него, исто како и публиката од 28 земји ширум Европа.
Coca-Cola SoundWave Beach Festival е 24-часовен летен музички настан на современата и прогресивна електронска музика, којшто ќе се одржи на 1. и 2. август 2005 година во Охрид, во кампот Љубаништa.
На фестивалот ќе настапат дваесетина светски познати и домашни DJ-и, меѓу кои и суперѕвездите David Morales и Darren Emerson, како и нашите Igor Iox, Мирко Попов, Роботек, Горан Кан и многу други.
Проектот е инициран од страна на компанијата Coca-Cola, во соработка со Cosmofon, а е во организациска поддршка на мултимедијалната продуцентска куќа “ЗЕН Продукција” и “КЛС” од Скопје.
Coca-Cola SoundWave Beach Festival ќе започне на 1. август во 12.00 часот, а планирано е да заврши на државниот празник Илинден - 2 Август во 12 часот.
100 KW звук, 200 КW светло и 40 интелигентни извори на светло, најнова генерација на сценски движечки уреди... Со еден збор, најнова и најдобра техника, најголема сцена, најдобро озвучување, најдобри изведувачи од светски ранг.
На 5000 квадратни метри површина, во дел од кампот Љубаништa и на неговата плажа, ќе бидат поставени две одвоени, концептуално различни сцени, со одделно озвучување и осветлување, на кои изведувачите ќе можат да се претстават со своите музички сетови во зависност од типот на современата култура која ја промовираат. Ќе биде овозможена и специјална зона на кампери, chill out -зони, штандови со храна и пијалоци, како и многу други содржини кои ќе ги забавуваат гостите на фестивалот.
Следејќи го сопствениот инстинкт и одејќи постојано во чекор со времето и новите трендови, Coca-Cola секогаш умее да ја препознае добрата идеја. Проектот Coca-Cola Soundwave, како сосема нова музичка платформа во чиј склоп е и овој музички Фестивал, ги поврзува тинејџерите од 28 европски земјi, меѓу кои и Македонија.
Примарна цел на овој голем и спектакуларен Coca-Cola летен музички Фестивал е да понуди екслузивна, квалитетна и провокативна фестивалска програма, да ја запознае во живо домашната и странската публика со музичките видувања на врвните светски и македонски современи музички имиња од светот на електронската музика.
Се очекува Фестивалот да го посетат од 8.000 до 10.000 посетители. Фестивалот има тенденција да прерасне во традиција и да ја позиционира Македонија на регионалната карта на престижните летни музички фестивали на електронска музика.