Club Be two with Balance

 

 

Промотерската организација “ Balance”  започна соработка со новиот клуб “B2” (Be two) кој се наоѓа на плоштадот Македонија. Во концептот на  програмата на клубот “B2”,  нашата организација ќе биде задол  жена за  забавите кои што ќе се случуваат во четврток.

“Balance”, ќе ви ги претстави некои од најквалитетните артисти од светската клубска сцена, а воедно ќе промовира и нови домашни артисти, за  кои мислиме дека ќе го задоволат вкусот на публиката. За почеток, промотерската орагнизација “ Balance”  во февруари  организира две забави со странски артисти и една на која ќе настапат домашни артисти. Првата од забавите во клубот Б2 ќе се одржи на 9 февруари на која ќе настапи добропознатиот Стејси Пулен од Детроит САД, а резидент на вечерта ќе биде Марио Л Маневски. На 16 февруари ќе ви го претставиме чикашкиот хаус dj Џин Фарис. На оваа забава, пред клубската публика, ќе биде промовиран новиот член на  “ Balance”  Александар Мискоски.

Клубот B2 (Be two) располага со висококвалитетно озвучување и осветлување, различен ентерирески дизјан, и сето тоа ќе придонесе за уште поквалитетна реализација на нашите забави.

Работата во промотивниот дел на промотерската организација “ Balance”  започнува и во сегментот на книжевното издаваштво со првото изадние на книгата Електрошок, (“Electrochoc”), од францускиот артист Лорен Гарние. Книгата “ Electrochoc” ја проповреда историјата на електорнската музика-од самото раѓање, преку пробивањето до наметнувањето и планетарниот boom. Изданието ќе се објави во соработка со издавачката куќа “ТРИ “ како и со Францускиот Културен центар. Промоцијата на книгата ќе се одржи во април за кога го најавуваме и настапот на нејзиниот автор Лорен Гарние во клубот B2 (Be two).