Coca cola Soundwave Vol. 2

Со огромно задоволство Ви го најавуваме второто
издание на Coca-Cola Sound
Wave Festival powered by Cosmofon, кој оваа година ќе се одржи на Денот на
Независноста, 8 септември, на стадионот АРМ, во Градскиот Парк во Скопје.
Coca-Cola Sound Wave Festival Vol. 2 powered by
Cosmofon е 24 часовна музичка
инвазија поддржана од овогодишните хедлајнери: спектакуларниот бенд Rinocerose,
моќниот рок состав Therapy?, извонредниот DJ Satoshi Tomiie, импресивниот транс
изведувач Hallucinogen/Shpongle и волшебникот од детроитската техно школа Jeff
Mills. Акцијата не запира тука, на посетителите ќе им се придружат домашните
групи:
атрактивните Фолтин и страсните Д.Н.О., талентираните артисти од доменот на
електронската музика Горан Кан и Роботек, а следуваат и многу други музички
изненадувања.
Извонредната локација во непосредна близина на
центарот на градот, со капацитет
од 25 илјади посетители, нуди уникатна можност за забава под отворено небо.
Различните музички сензибилитети ќе можат да го пронајдат своето место меѓу
двете концептуално различни сцени поставени на тревната површина од 8.000
квадратни метри. Главната и транс сцената ќе бидат целосно поддржани со
фантастичен звук и одлично осветлување.
Coca-Cola SoundWave Festival Vol.2 powered by
Cosmofon и оваа година ја нуди
единствената можност да се почувствува магијата на масовен хепенинг што
обединува спектакуларни музички ѕвезди, поддржани од квалитетната македонска
гордост, беспрекорна организација и расположливи технички средства.
Организацискиот тим на ЗЕН и KLS Продукција
повторно ќе ги обезбедат сите
предуслови за комплетно ослободување на сите Ваши сетила и Ваше бескрајно
уживање.
Бидете Независни - бидете дел од Coca-Cola
SoundWave Festival Vol. 2 powered
by Cosmofon!