Еминентниот диџеј Стејси Пулен утре вечер настапува во скопскиот клуб Елемент. Пред неговото претставување, сет ќе има диџеј Никола (100% Пјур/ Концепт фрагментс).

Неговите музички почетози се врзани за Детроит и за осумдесеттите години од минатиот век. Долго време бил под влијание на Крафтверк, Хуан Аткинс, Џеф Мајлс, како и на чикашката и на италијанската хаус продукција. Инспириран од техно музиката Стејси почнал да врти плочи на андерграунд забави. По двегодишна пауза повторно му се врати на диџејството. Следејќи го гласот на својата муза, почнал да твори под името Банго.

Како и неговите претходници-иноватори, така и Стејси ја потресе светската творечка сцена со своето прво издание. По работа на еден куп ремикси и оригинални изданија за КМС Рекордс, Еклипс рекорд, БМГ/Ариола, Баз, ПИАС/Белџм, Ворнер, Вирџин..., Стејси стана еден од најбараните диџеи на светската музичка сцена, а тоа го потврди и со голема посетеност на неговите журови низ целиот свет. 

Со својот егзотичен музички стил ги "заразил" клаберите од Јужна и Северна Америја, Европа, Азија, Нов Зеланд, Австралија и од Карибите. Моментно Стејси се впушта во апстрактна авантура со авангардниот звук за Сајан/Вирџин. Тоа е ЛП проект за кој се потребни подготовки, познавање на иновациите во музиката и надградување на нивоата на инспирација, а тоа за Стејси веќе е карактеристично.

Тоа ќе може да го почувствувате на саботната забава во Елемнт, за која влезницата чини 600 денари во претпродажба, 700 денари на влез и 50% попуст за они со ВИП картичка.