ttl-press.gif (3394 bytes)
malo.gif (821 bytes)

Vlatko Kaevski - Borg - Skopje
by Svetlana Simonovska  Dnevnik

 

Се враќа со забави и албум

Пионерот на македонската електронска музика Влатко Каевски (Борг) во среда во популарната вечер Микс ап емоушн на диџеј Фрики во клубот Елемент ќе ја прослави десетгодишнината од првиот сингл Who the fuck is Mitsotakis. Доволен повод за неколку прашања:

* Зошто баш во Микс ап емоушн ја славиш десетгодишнината?

- Мислам дека забавата, на која Зоки Бејбе е резидент, е најлудиот жур што моментно го нуди градов, и е најсоодветен за ваков настан. А и Зоки беше многу заинтересиран, пред сe зашто цел живот се знаеме и се спремаме да направиме нешто заедничко. Еве ни шанса.

* Кога ти се јавив ми кажа дека се спремаш за забавата во среда. Со што ќе ја почастиш публиката на Зоки, па и твојата?

- Мојот сет ќе биде исклучиво во живо. Затоа и се вика Ливе-Ацт. Инаку ќе биде многу сличен на стилот на кој Зоки Бејбе ја забавува публиката. Пред с$ многу денс-атмосвера, а и по нешто за уши, колку да се потсетиме на добрите убави почетоци на електронската музика. Во план е и ремикс на Who the fuck is Mitsotakis, но најверојатно нема да биде пуштена на забавата во среда, зашто уште не е готова.

* Ќе стане ли овој настап традиција? Ќе може ли почесто да те слушаме на журови?

- Ако на Зоки му се допадне идејата за континуиран развој на Микс-ап емоушн, поврзан со мојот лајв-акт, а пред с$ ако имаме одобрение од публиката, с$ се завршува на добрата волја на Зоки Бејбе. Но може и да настапам и со друг диџеј ако за тоа се укаже можност, иако со Зоки за сега е цоол.

* По првенчето на Б.О.Р.Г., ќе не изненадиш ли со уште еден албум?

- Б.О.Р.Г. работи континуирано, иако мимикрично, сепак заедно со Нора имаме две нови ленти, а третата е во развој и се надеваме дека до крајот на годинава ќе извадиме заеднички албум. Само с$ уште не знам под кое име ќе биде. Но се надевам дека ќе биде!!!

 

 

 

Home