![]() |
||||
По пауза од две години Фрики се врати на диџејската сцена, во скопскиот клуб Елемент со вечерта Микс ап емоушн. Секоја среда стотици луѓе се забавуваат на најновите хаус звуци што ги пушта од грамофоните, а наскоро следува легендарната Поплава на А1 телевизија * Што те натера да се вратиш на диџејската сцена, каде што и припаѓаш, и какви се твоите најнови доживувања? - За ова што сега ми се случува се подготвував полека. Мотивот да се настапува во клуб и да се прават забави е сосема различен од оној за работа на ТВ или на радио. Кога работам како диџеј не сум битен јас, туку моментот пред мене да видам среќни лица, насмеани луѓе, нови начини на шизење..., што беше вообичаено и за моите претходни забави во Дали, Тиква зелена и во Аполон. Пред да ја почнам најновата серија журки, имав трема, зашто бев свесен дека сега има некои нови клинци, кои досега не беа запознаени со мојата работа. Од друга страна пак, по првата журка во Елемент видов дека повозрасните журкачи (не сакам да ги наречам фанови, зашто тие не се мои фанови, туку луѓе, кои сакаат добра забава) беа изненадени од музиката што им ја нудам. Многу ми е интересно да истражувам во огромниот хоризонт музика. Сега не станува збор за купување хаус плочи, туку за купување музика. Така го правам сетот. * Како ја надмина тремата? - Лесно, со поддршката од моите пријатели, особено од Александар Ношпал, кој сакаше да ми помогне со тоа што е ВИП хоуст (домаќин) на моите забави. Во тоа навистина успеа, преуредувајќи го клубот и канејќи гости - медиумски многу присутни. Така направивме микс од луѓе, кои заслужуваат да се журкаат, а с$ уште тоа не го направиле, и од оние, кои знаат тоа да го прават. Голема поддршка имав и од диџеј Никола, кој е мој локален диџејски херој и идол, со огромни човечки квалитети. Тој на својата работа & приоѓа со огромна љубов, професионалност и знаење. Сега и во Скопје имам од кого да учам. * Неодамна на твојата вечер гостуваше Роналд Девит од Амстердам. Дали и понатаму во Микс ап емоушн ќе им отстапуваш простор на странските диџеи? - Роналд Девит беше вистински експеримент, зашто е диџеј од поинаква атмосфера. Клубот Ексит во Амстердам, каде што настапува тој, е познат локален геј клуб во кој музика не е секогаш најбитно нешто. Затоа ми беше предизвик да го поканам, а забавата помина супер. Следниот диџеј, кој ќе настапува во мојата вечер најверојатно ќе биде Блаш од Словенија. * Кои се следните изненадувања во Микс ап емоушн? - Во секој случај сакам да ја задржам позитивната енергија и да се радувам што не се наплаќа влезница - Come to baby, it's free. Јас не сум диџеј, кој ова го работи од его трип. Јас трипувам на други нешта, на пример на мојот дует со Ребека. Следното нешто што сакам да го правам во Елемент, а за што добив дозвола од менаџерите на клубот, се попладневни забави, кои би требало да се одржуваат во недела. На нив нема да настапувам како диџеј, туку како промотер на тоа попладне. Значи, скопјани повторно ќе добијат матине. * Го спомна дуетот со Ребека. Како се споивте? - Таа дефинитивно е најупорниот професионалец во својата работа и токму поради тоа ја почитувам. Таа е единствената, која од една моја фикс-идеја сакаше да слушне и да сними песна со мене. Четири години ме потсетуваше дека треба да работиме нешто, изрази желба да ги слушне моите микс ленти, отворена беше кон клабингот... Таа го избра овој момент за соработка, а јас ја напишав песната во една вечер, инспириран од себе (ха, ха, ха). Си реков, зошто Ребека да не дојде во диско и да му испее песна на Бејбе. Тоа е и насловот на песната, која има хаус ритам. * Ако има спот за песната дали Ребека ќе биде Кајли Миног, а ти Роби Вилијамс? - Не, јас ќе бидам Џорџ Мајкл (ха, ха, ха) * Честопати знаеш да кажеш дека твојата ТВ емисија Поплава живее и покрај малата минутажа. Кога ќе ја зголемиш? - Тоа е веројатно најживата материја, која сум ја правел. Сум ја правел ретко, но затоа подготовките траат неколку години (ха, ха, ха). Можеби е подобро така, зашто секое нејзино појавување носело нешто ново и свежо. Поплава колку и да е емисија во која ги презентирам најновите информации, сепак следи некаков мој личен развој. Во првите години Поплава беше мега поп-шоу, кое покриваше топ-листи, стил на живеење, мода, за подоцна да стане клабинг шоу. Подоцна сакав да се прошетам, па направив емисии за мега-настани од Амстердам, Солун и од Берлин. А идната Поплава ја гледам како нешто сосема ново. Тоа ќе биде ток-шоу, а ако нешто е предизвик на 50 ток-шоуа што во моментов се емитуваат кај нас, е да правиш уште едно (ха, ха, ха). Во Поплава ќе има с$ што е поврзано со забавата, клабингот повторно ќе има свое место, ќе биде проширена со настани од ноќниот живот... Сето тоа ќе се емитува на А1 телевизија, која с$ уште ја доживувам како инкубатор, зашто луѓето од телевизијата секогаш имале трпение и волја за моите проекти. * На предминатата забава твоите фанови ти подарија торта. Со кого ја подели? - Тој момент е од оние кои ќе ги паметам цел живот. Тоа е доказ дека и младите знаат да се забавуваат на мојот звук. Се појави една девојка со нејзиното друштво и ми рече: - Зоки ние многу ја сакаме твојата музика и решивме нешто да ти подариме. Многу ми е жал што не останаа до крај за тортата да ја поделиме заедно. Со неа се сладеа само моите најблиски пријатели. Цела недела имав насмевка на лицето, а при секое погледнување во фрижидер се растопував од среќа. Тие направија да се чувствувам како да ми е најубавиот роденден во животот.
|
|