ttl-press.gif (3394 bytes)
malo.gif (821 bytes)

DJ Samoil (Syntetic) - Skopje
by Svetlana Simonovska - Dnevnik


САМОИЛ РАДИНСКИ  
Во Прага најдов инспирација за работа

Познатиот македонски диџеј Самоил Радински веќе три месеци живее и настапува во Чешка. На 20 октомври настапуваше во еден од најпопуларните клубови во Прага, Меца. Вечерва (2 ноември) свири во Бенесхов, клуб 30 километри оддалечен од Прага, каде што ќе настапи со најдобрите чешки диџеи. На 30 ноември свири во Брно, а на новогодишната ноќ ќе настапи во Велетрзни, во хала, која собира 5.000 луѓе. Досега во тој клуб гостувале Дарен Емерсон (од Андерворлд), Карл Кокс... Сe уште не се ограничува на еден музички стил и само сака добри-фанки забави. Во Скопје, преку промотерската организација Баланс, ги донесе Дерик Меј, Кевин Саундерсон, Џин Фарис, Димитри фром Амстердам... Уште по првите настапи на Самоил во Чешка, за него се заинтересираа неколку промотери, а наскоро на чешката Интернет страница њњњ.цлуббер.цз ќе биде објавено интервјусо превод и на македонски јазик.

Прага - вистинската инспирација за работа

- Прага е град со душа, убава архитектура, паркови и со одлична комуникација. Сето тоа ми дава инспирација за работа. Ми се допаѓа и клубската сцена овде, зашто чешките клабери сакаат добри забави, добра музика и знаат да се зезаат. Затоа планирам да останам подолго време. Всушност затоа и дојдов овде. Тука се наоѓа и една од најдобрите фабрики за режење винили, а мојата идеја е со луѓето од Баланс да отвориме издавачка куќа во Чешка.

Разликата меѓу чешката и македонската сцена...

- Кубските настани во Чешка се побројни. И овде свират речиси истите реномирани диџејски имиња што натспувале и кај нас. Овдешната сцена е одлична. На неа гостувале и гостуваат врвни диџеи и продуценти, а имаа и добри чешки диџеи, но с$ уште не можам да го издвојам најдобриот. Публиката е максимално позитивна и задоволство е кога реакции се такви додека настапуваш. Тука сите од клубската сцена ценат квалитет и сите се борат први да стигнат до нешто ново. Во целата ситуација се појави промотер, кој веќе е мој менаџер и кој минатиот месец ги договараше моите свирки.

Најдобар настап

- Досега сум свирел во неколку европски земји Грција, Југославија, Белгија... Но, најазадоволен сум од настапот на охридската плажа Градиште, кога во рамките на манифестацијата Точка на топење настапи и Дерик Меј.

Првата плоча

- Моментно работам на материјал заедно со Смилен Димитров и се надевам дека наскоро ќе го имаме првиот сингл или ЕП со наша етикета.

Што е со Баланс?

- Баланс продолжува да функционира во Чешка. Многу работи и идеи ни беа стопирани поради актуелната политичка состојба во Македонија. Се надевам дека за одреден период Баланс ќе стане реномирана организација и издавачка куќа и во Чешка, а и низ целиот свет. Планираме да работиме на проекти и во Македонија,  на кои македонската публика ќе може да види и да слушне нешто ново и свежо.

 

 

 

Home