![]() |
||||
Тери
Френсис Познатиот
лондонски диџеј Тери Френсис вечерва
натспува во скопскиот клуб Елемент. На неговото трето гостување
кај нас ќе настапува Мирко Попов (ПМГ
Колектив). Задоволството чини 350
денари, а забават почнува во 24 часот. Моментно
Тери е резидент диџеј во клубот Фабрик
во Лондон, каде што настапува секоја
сабота. Неговите почетоци се поврзани
за 1997 година кога ја освои наградата Најдобар
нов Диџеј, која ја доделува весникот Мјузик
магазин. Тогаш на Тери Френсис му се
случи нешто што единствено може да се
опише како метеорски успех. На оние на
кои од порано не им беа познати
неговите способности за "миксање"
и неверојатниот музички инстинкт,
најверојатно им изгледа како Френсис
да дошол од никаде. Но, вистината е дека
тој ја "тапкаше" својата патека,
чекорејќи низ андерграундот цели десет
години, пред да го забележи светската
публика. А за конечниот пробив на
Френсис, веројатно најзаслужен е
неговиот микс-албум Арцхитецтуре,
кој конечно го стави на прволигашката
мапа. Миксот на дип даб хаусот и
етерични вокали, веднаш се покажа како
нешто навистина вонредно. Но, мора да се
истакне: секакво ставање на музиката на
Тери Френсис во какви било жанровски
рамки е навистина невозможна работа,
бидејќи она што тој го прави е и она што
го прават најдобрите светски диџеи: ја
растопува границата меѓу сегашноста и
минатото, со една цел - за да ја креира
иднината и секогаш твори со срце. Мора
да се каже и уште нешто: она што тој го
твори е малку подобро од она што го
творат сите останати. -
Музиката е секогаш многу важна за мене.
Кога бев помлад, ме интересираа фанкот,
соулот и диското. Тогаш, некаде во 1986
или 1987 година, мојата тогашна девојка
ми донесе некои материјали од Блејз
продакшн, кои навистина ми се
допаднаа, бидејќи во себе содржеа фанк
и соул, но во исто време звучеа наполно
различно од с$ што бев слушнал дотогаш -
вели Френсис за своите почетоци. Оттогаш
Тери станал голем фан на хаус музиката
и веќе за неколку месеци бил резидент
диџеј во еден бар во Ледерхед, градот во
кој пораснал. Потоа
се преселил во легендарниот Стернс
клуб, каде што работел рамо до рамо со
Колин Дејл, Мистер Си и Еди Ричардс, а
многупати гостувал на престижни
фестивали и забави. Веќе во 1994 година
забавите на кои сетот го носеа Тери и
Нејтан Колс, станале забави какви нема
никаде. Журовите во кои се ширеле
енергијата и духот на есид хаусот, биле
најдобрите андерграунд ноќи во Лондон,
а забавите редовно биле распродадени
со недели однапред. Досега соработувал
со:
Нилс Хес, Асад Ризви, Гидеон
Џаксон, Пјур Сајанс, Чарлс Вебстер, Лајо
Паскин, Метју Би, Импосибл
Биингс, Д. Вулф, Џоен Хендл, Роберт
Халумс, Тони Хјуит, Гет
Факт! Д
Деликвентс, Ралф Лосон, Митја Принц,
Кари Лекебуш, Себ Фонтеин... Така,
приказнава дојде до својот крај - Арцхитецтуре -
волуме 2. Наречете го овој материјал
техно-хаус или хаус - тоа воопшто не е
важно. Важно е дека и на оваа плоча е
сублимирано она најдоброто што го
краси Тери Френсис. Неговиот
неверојатен стил, вонредното миксање,
чувството за ритам (најчесто
хипнотички, но и полн со соул и многу
драматичен), извонредниот грув... Нема
што, тој е голем мајстор!
|
|