![]() |
||||
Kompjuterski frikovi vo muzikata Маркус
Карп и момчињата од Визи ноис ќе
бидат во сабота ( 9 февруари) гости во
скопскиот Младински културен центар.
За Маркус не е потребно посебно
претставување бидејќи неговата
диџејска програма & е добропозната на
нашата публика. Тој е еден од
ветераните на германската електронска
сцена, а мнозина го познаваат по
неговиот комерцијален успех како човек
што стои зад проектот насловен Дер
Дритте Раум. Но,
иако во моментот Визи ноис се
светска трансатракција,
сепак се ново и релативно непознато
име за македонските љубители на ваква
музика и посетители на ваквите забави.
Во пресрет на нивниот настап во Скопје
направивме краток разговор со еден од
членовите на поставата - Уриел. Инаку,
зад името Визи ноис се кријат
добропополнетите Мики и Уриел од
соседна Грција. Обајцата се
компјутерски фрикови, кои, што е
најчудно, си личат еден со друг - како да
се близнаци - а сe до 1998 година секој
посебно си правел музика за да кога
конечно се сретнале заеднички го
почнат искачувањето кон врвот на
светската транс-сцена. Во
пресрет на нивниот прв поголем настап
како Визи ноис во Македонија, еве
што забележавме во краткиот телефонски
разговор: *Како
си Уриел? - Супер. Малку уморен бидејќи само
што се вратив од Амстердам. *
Имавте ли настап таму? - Не, продукција. Во Амстердам
настапувавме во декември минатата
година. *
Дали често настапувате? -
Нон-стоп. Сега н$ очекува Скопје, потоа
Москва, па одиме во Јапонија, Њујорк
и така со ред. Во минатата недела бевме
во Бразил, свиревме на фестивалот УПИПОТУ. *
Добро, како би ја опишал вашата музика? - Психоделичен техно-транс. Така
некако. *
А како би ги дефинирал настапите во
живо? Што да очекуваме во Скопје? - Настапите во живо?!! - Јас би рекол
дека тоа се убиствени изведби. *
Снимате за Спирит Зоне, 3Д- Висион,
Флѕинг Рхино., односно ексклузивци
сте на скоро сите реномирани издавачки
етикети што се занимаваат со ваква
музика. Што е последно издадено под
името Визи ноис?
-
Имаме нов албум, втор по ред и тој треба
да биде објавен деновиве, поточно на 27
февруари. *
Ќе имаме ли можност да ги слушаме
новите работи во Скопје? -
Секако, двочасовен ливе ацт со
многу нова музика, неслушната досега. *
А диџеј-сетот ?
|
|